Синтаксата на насловите во електронските медиуми во македонскиот стандарден јазик

Предмет на испитување се насловите на статиите во електронските медиуми во македонскиот стандарден јазик, а целта е да се утврдат нивните синтаксички карактеристики. Анализата на собраните примери покажува дека насловите во македонскиот јазик имаат идентични синтаксички карактеристики со оние што се...

Full description

Bibliographic Details
Main Author: Виолета Јанушева
Format: Article
Language:English
Published: Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Blaže Koneski Faculty of Philology 2019-07-01
Series:Journal of Contemporary Philology
Subjects:
Online Access:https://journals.ukim.mk/index.php/jcp/article/view/183/130
Description
Summary:Предмет на испитување се насловите на статиите во електронските медиуми во македонскиот стандарден јазик, а целта е да се утврдат нивните синтаксички карактеристики. Анализата на собраните примери покажува дека насловите во македонскиот јазик имаат идентични синтаксички карактеристики со оние што се утврдени во одделни истражувања, но и сопствени специфики што се условени од синтаксичките конструкции на македонскиот јазик. Тука спаѓаат следните карактеристики на насловите: максимална кондензација на информацијата што доведува до синтаксичка двосмисленост на насловите во однос на нивната анализа како прости или сложени реченици; сведување на информацијата на една поразвиена синтагма што предизвикува тешкотии во определување на тоа дали е дејството извршено или не; можност за двојна интерпретација на глаголската придавка што го условува видот на реченицата во однос на залогот; асиндетонско и различни видови субординативно поврзување во сложени реченици што ја актуализира синтаксичката двосмисленост и придонесува за нивната преголема информативност.
ISSN:2545-4765
2545-4773