Разликата во употребата на членот во насловите и во поднасловите во уметничколитературниот функционален стил во македонскиот и во англискиот јазик
Целта на овој труд е да ги опише разликите во употребата на членот во насловите и во поднасловите во македонскиот и во англискиот јазик. Истражувањето е направено на корпус од наслови и поднаслови ексцерпирани од различни типови дискурс: пишани литературни дела и каталози од театарската и од филмск...
Main Author: | |
---|---|
Format: | Article |
Language: | English |
Published: |
Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Blaže Koneski Faculty of Philology
2020-06-01
|
Series: | Journal of Contemporary Philology |
Subjects: |
Summary: | Целта на овој труд е да ги опише разликите во употребата на членот во насловите и во поднасловите во македонскиот и во англискиот јазик. Истражувањето е направено на корпус од наслови и поднаслови ексцерпирани од различни типови дискурс: пишани литературни дела и каталози од театарската и од филмската уметност. Анализата на корпусот е направена со споредување примери на наслови и поднаслови од македонски дела преведени на англиски и обратно. Насловите и поднасловите, како специфични јазични фрази, претставуваат кондензација на подолг текст што следува по насловот и од нив се очекува да ги дадат клучните зборови на текстот. Оттаму, употребата на членот, покрај тоа што има граматичка, има и стилистичка функција. Насловите и поднасловите често отстапуваат од јазичната норма со испуштањето на членот. Резулатите покажуваат дека македонските наслови што имаат членувани ИГ можат се преведат на англиски јазик со нечленувани ИГ и македонските наслови што содржат нечленувани ИГ можат да имаат англиски преводни еквиваленти со членувани ИГ. Исто така, при истражувањето се дојде со заклучок дека англиските наслови што содржат членувани ИГ, можат да се преведат на македонски јазик со нечленувани ИГ и англиските наслови што содржат нечленувни ИГ можат да имаат македонски преводни еквиваленти со членувани ИГ. |
---|---|
ISSN: | 2545-4765 2545-4773 |