ВОВЕДЕН ТЕКСТ: ПРОМЕНЛИВИ ЕКОНОМИИ И ПРОМЕНЛИВИ ОПШТЕСТВА ВО ЕРАТА НА ГЛОБАЛНИОТ КАПИТАЛИЗАМ: ПОСТСОЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ НА СЛУЧАЈ

Овој посебен број се однесува на човечките економии и начинот на кој поединците, семејствата и заедниците наоѓаат свои решенија да се справат со ограничувањата на неолибералниот капитализам. Презентирани се шест оригинални студии од млади истражувачи што работат во Северна Македонија, Бугарија, Грц...

Full description

Bibliographic Details
Main Author: Миладина Монова
Format: Article
Language:English
Published: Ss Cyril and Methodius University in Skopje 2019-11-01
Series:EtnoAntropoZum
Subjects:
Online Access:https://etno.pmf.ukim.mk/index.php/eaz/article/view/429
Description
Summary:Овој посебен број се однесува на човечките економии и начинот на кој поединците, семејствата и заедниците наоѓаат свои решенија да се справат со ограничувањата на неолибералниот капитализам. Презентирани се шест оригинални студии од млади истражувачи што работат во Северна Македонија, Бугарија, Грција и Полска, со акцент на економијата на домаќинствата, производството, економскиот живот во руралните и урбаните средини и миграцијата. Сексуалните работници, илегалните производители на тутун, семејствата што се самопретприемачки во сферата на руралниот туризам, производители на храна, луѓе од урбаните средини што замислуваат поудобен живот во романтичните села, како и продавачи на пазарот инвестираат по нешто во нивното претприемаштво, ако не и сè што може да се дефинира како нивен семеен капитал: труд, земја, куќа и пари.                 Три децении по падот на берлинскиот ѕид, ваквите општества веќе не можат да се разберат во рамките на постсоцијалистичката аналитичка рамка, онаа што честопати се користи во анализите за постулирање на еднолинеарниот модел на транзиција од социјализам во капитализам. Всушност, капитализмот е веќе воспоставен систем, а остатоци од социјализмот на некои нивоа, поверојатно, побрзо ќе се пронајдат во големите западни демократии отколку во повеќето поранешни комунистички земји. А сепак, во постсоцијалистичкиот контекст, како и на друго место, луѓето пренесуваат нешто од своето минато секојпат кога ќе се обидат да го избришат и отвораат нови можности и начини на размислување секојпат кога тврдат дека со нетрпение се сообразуваат со капитализмот.
ISSN:1409-939X
1857-968X